Корпоративен профил

Патот кон успехот бара огромно вложување во знаење, кадри, логистика и опрема. Токму нашите настојувања да се развиеме на овој начин ни овозможи денес слободно да ја преставиме Видео-Дата како компанија со 35 вработени, која функционира на 2 локации на ниво на град Скопје, но и на територијата на целата држава преку високо развиена сервисна мрежа.

Историја

Видео-Дата е компанија која повеќе од 20 години се занимава со сервисирање и одржување на електронски уреди и апарати за домаќинство како и професионална опрема. Основана е во 1988 година и започнува со сервисирање на ТВ, аудио и видео опрема и видео камери. Од 1994 година врши сервисирање на телекомуникациска опрема, монитори, проектори, GSM ,а во 2000 год. започнува со сервисирање на бела техника (уреди за домаќинство), монтажа и сервис на клима уреди.

Освен сервисните услуги, Видео-Дата нуди и продажба на резервни делови и аксесоари за вашите уреди. Да се биде лидер во сервисната индистрија на црна и бела техника е одговорност и гордост.

Вредости кои ги почитуваме

Професионалност, лојалност, интегритет, колегијалност, тимска работа, ефикасност и ефективност!

Мисија

Реализација на сервисна услуга со висок квалитет на професионален и брз начин!

Секогаш на време!

Пристигнување на време на договорената локација. Известување за било какво неочекувано одложување на договорениот термин. Известување доколку поправката трае повеќе од очекуваното.

Секој наш вработен

Настојуваме да се комуницира со клиентот на љубезен и професионален начин, да обезбеди можност да даде коментар за квалитетот на услугата.

Партнерства

Квалитетот, искуството и долгогодишнотот приуство на пазарот се само дел  од причините зошто најголемите светски производители ни ја дадоа нината доверба.
Денес сме централен и овластен сервис на следните брендови: