Вистинскиот победник е убедливо iPhone X кој е најдобар досега и доаѓа симболично на 10 години од промоцијата на првиот iPhone од страна на Стив Џобс.

iPhone X располага со 5.8 инчен Super Retina Display со 2436 x 1125 пиксели, 458ppi густина на резолиција. Самиот дисплеј во голема мера е посветен на пренесената реалност (AR) со приказ на фантастични содржини во реално време. Главните две камери имаат 12 мегапиксели со двојна оптичка стабилизација на сликата, подлабоки пиксели, нов филтер за бои, четири LED светла за блиц, како и поголеми сензори.

Face ID е уште еден одличен новитет кај iPhone X кој ги препознава цртите на лицето на сопственикот и со него може да отклучи смартфонот како и да се постави поголема безбедност.

AirPower ќе биде новиот безжичен полнач за iPhone X со огромна ефикасност и прецизност, ARkit на Apple ќе овозможи и развој на апликации со пренесена реалност како што беше прикажано во демонстрацијата со Snapchat за нанесување на нови интерактивни филтри врз сликите.

iPhone X  ќе биде пуштен во продажба во четврток на полнноќ во Скопје City Mall во продавнцата на iStyle.